БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

„Петарди НЕ, безбедност пред се“, превентивни активности на МВР

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Полициски службеници од Секторите за внатрешни работи Скопје, Битола, Струмица, Велес, Куманово, Штип, Струмица и Тетово во текот на вчерашниот ден (22.12.) најголем дел од своите превентивни активности ги фокусираа на реализацијата на заедничката кампања на МВР и Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија при КЦ „Мајка Тереза“, насловена како „Петарди НЕ, безбедноста пред се“, насочена кон младата популација- учениците во основните и средните училишта во насока на спречување на употребата на петарди и други пиротехнички средства, а во пресрет Новогодишните и Божикни празници.

Така, во средните училишта „Д-р Панче Караѓозов“и „Васил Антевски Дрен“ во Скопје, во „Др. Јован Калаузи“, „Јосип Броз Тито“, „Јане Сандански“, и „Таки Даскалот“ во Битола и „Наум Наумовски Борче“ во Крушево, потоа во средните училишта „Никола Карев“ и „Јане Сандански“ во Струмица, „Коста Сусинов“ во Радовиш и „Гоце Делчев“ во Валандово, како и „Перо Наков“ во Куманово беа спроведени работилници на кои што медицински лица и полициски службеници ги презентираа пред средношколците сите ризици и последици, вклучително и законските, од недозволената употреба на петарди и пиротехника. Воедно и во основните училишта: ,,Тошо Велков Пепето“ во Кавадарци, „Никола Карев” во Пробиштип, „Дедо Иљо Малешевски“ – Берово и „Ванчо Китанов“ во село Црник, пехчевско, како и во основните општински училишта „Конгреси Манастирит“ , „Тефејуз“, „Лирија“ и „Имри Елезит“ на подрачје на скопската општина Чаир денеска беа одржани работилници на истата тема со учениците од овие училишта.

Инаку, дополнително, во рамки на СВР Тетово беа организирани и средби со Советодавните групи на граѓани при локалните заедници во тетовско-гостиварскиот регион, иста така на тема незаконско употребување на пиротехника при прослави и веселби, а во Штип беше реализирана и превентивна активност од областа на заштита на граѓаните од имотни деликти.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Извор: МВР

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace