БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Анкета: Расте бројот на граѓаните кои ќе излезат да гласаат на изборите. Пораст на довербата за ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Колку повеќе се прииближува денот за парламентарните избори толку повеќе граѓани се одлучуваат да се вклучат во изборите со што преку својот избор ќе го дефинираат текот на општествените прилики и политичките состојби во Република МАкедонија за наредните 4 години. Во текот на овој месец по нарачка на порталот МКД.мк агенцијата Маркет вижн спроведен анкета за рејтингот на партиите и политилките лидери како и определенста на грашаните да излезат и да гласаат на наредните избори. Во споредба со претходните анкети оваа покажува дека расте бројот на граѓаните кои би излегле да гласаат на наредните избори.

И оваа анкета го потврди трендот на раст на популарноста на ВМРО-ДПМНЕ и на нејзиниот лидер Христијан Мицкоски и падот на владеачката СДСМ. Меѓу испитаниците почна да се појавува и новата политичка партија ЗНАМ и нејзиниот претседател Максим Димитриевски.

На прашањето „во кој лидер на политичка партија имате најголема доверба“, 12,95 отсто од испитаниците го посочија името на Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. 6,65 отсто од нив го избраа Али Ахмети, лидерот на ДУИ, во актуелниот премиер и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски доверба имаат само 4,25 отсто од гласачите, во Димитар Апасиев, првиот човек на Левица 3,5 %.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

За првпат во истражувањата на МКД.мк се појавува и името на Максим Димитриевски, претседателот на новата политичка партија ЗНАМ со 2,1 отсто доверба.

Повеќе од половина од испитаниците изјавиле дека немаат доверба во ниту еден лидер на политичка партија.

Кај лидерите, според анкетите на МКД.мк во февруари, јуни септември и декември, воочлив е растот на популарноста на Мицкоски (од 11 на 13%), падот на Ковачевски (од 8,2 на 4,3 отсто) и на Апасиев (од 4 на 3,5%), и стабилноста во популарноста на Али Ахмети околу 6 отсто.

За тоа во која партија се убедени граѓаните дека ќе победи на наредните избори, 16,35 отсто од испитаниците сметаат дека е тоа ВМРО-ДПМНЕ, 5,95 отсто од ипитаниците се убедени во победата на ДУИ, а за СДСМ се определиле 5,65 отсто.

Трендот на партиите од оние испитаници кои се изјасниле дека ќе гласаат, во споредба со претходните анкети на МКД.мк, покажува голем раст на определеноста на гласачите за ВМРО-ДПМНЕ – од 21,8 отсто во февруари 2023 до 26,7% во декември. Кај СДСМ опаѓа популарноста кај испитаниците кои се определиле – од 12,4 % во февруари до 9,2 % во декември.

Кај ДУИ, како партија која е дел од владеачката коалиција, регистриран е раст кај определените гласачи – од 8,2 во февруари на 9,7 % во декември. Кај албанскиот политички блок, опозициската тројка, Беса, Алтернатива и Демократско движење на Изет Меџити, се далеку од процентот на популарност на ДУИ.

Пад на популарноста кај определените е регистриран и кај Левица – од 7,1 отсто во  февруари годинава, на 6,6 % во декември.

Повеќе од 60 отсто од испитаниците изјавиле дека ќе гласаат на следните избори. И тука забележлив е трендот на заинтересираноста на граѓаните за гласање. Во јуни таа бројка беше 56,8%, септември 52,2% и декември 61,2 отсто.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace