Во рамките на одбележувањето на 13тите по ред „Денови на македонската култура во Ниш“, во вторник, 15 септември 2026 год, свој концерт ќе имаат пијанистите проф. Татјана Џорлева и проф. Ангеле Михајловски. Настанот ќе се одржи во концертната сала на Факултетот за уметности во Ниш, а на репертоарот, освен од светски композитори, ќе бидат застапени и композициите „Y To My GTI Turbo Pride“ и „Повторна средба“ од македонските автори Дамјан Темков и Марјан Јанкоски, со што македонската музика ќе прозвучи на сцената во Ниш.
Пијано дуото Џорлева – Михајловски, веќе четврта година се присутни на домашната и меѓународна сцена, а нивниот уникатен репертоар во кој се содржани современи автори, популарни класици, како и македонска музика од 21 век, наидува на воодушевување кај публиката, каде и да настапуваат.
Концертот е во организација на Здружението на македонската заедница во Ниш – „Вардар“, Факултетот за уметности во Ниш и Градската Општина Медијана од Ниш


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Врчак и Симона со „Сонце по дожд“ ја продолжуваат музичката приказна што започна пред години
Видела лице зад сцената на концерт на Аеросмит, кое многу личи на нејзиното: Како Лив Тајлер дознала за своето биолошко потекло?
ИСТОРИСКИ УСПЕХ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ХИП-ХОП: НИНА ТАЛЕСКА Е СВЕТСКИ ВИЦЕШАМПИОН!