БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Платформата е ветена на чичко Мите

Пренеси го гласот

Актуелниот градоначалник на Општина Штип до пред да стане градоначалник беше жесток критичар за неисплатливоста на платформите во коритото на река Отиња кои требаше да служат како паркинг простор. Па така како што се ветува се и сешто во предизборната кампања можеше да се слушне дека истата ќе била урната бидејќи била грд споменик на градот. Меѓтуоа, ова како да траеше само додека Бочварски да го помине мостот на река Отиња и да се смести во општинската зграда. Сега откако е градоначалник полека ја напушта реториката за тоа дека истата ќе биде урната па може да се слушнат изјави дека општината бара решение за истата. Но, добро упатените и блиски луѓе до актуелната локална власт велат дека платформата е веќе решена и истата ќе му припадне на чичко Мите сопственик на фабриката „Брилијант“. Како што кружат информациите чичко Мите треба да ја добие платформата под концесија на подолг рок и на нејзино место да изгради луксузен објект кој засега не е планиран во ДУП на Општина Штип. Инаку, чичко Мите важи за човек кој најмногу допринесе за Бочварски да стане градоначалник, па логично се наметнува прашањето дали оваа зделка во центарот на градот е компензација во знак на благодарност за победата на локалните избори.

Како и дали ќе се оствари оваа зделка останува отворено прашање, до тогаш чаршијата ќе зборува што би можело да никне на местото на сегашната нефункционална платформа.

Креирано од:


Пренеси го гласот