Денеска на пригодна свеченост во атарот на селото Тработивиште беше пуштена во употреба новата филтер станица за вода за пиење за Делчево и неколку рурални населени места.
Станува збор за инвестиција од 7.5 милиони швајцарски франци кои што се грант од Швајцарската Конфедерација, плус 1.5 милиони швајцарски франци кои што се инвестиција на Владата на Република Македонија преку Министерството за животна средина и просторно планирање како и 40 илјади швајцарски франци обезбедени од буџетот на општина Делчево.
Во рамки на имплементацијата на проектот чија што официјална реализација започна со потпишуање на споменатите страни уште во 2016 година се реализираа повеќе т.н. тврди и меки мерки кои што подразбираат изградба на главниот објект на филтер станицата на локација на претходно постоечката филтер станица која што беше од застарен тип како и повеќе придружни објекти зза регулација и довод на вода за пиење за реципиентите во Делчево како и повеќе рурални населени места кои што беа предвидени за поврзување со главниот доводен цевковод на релација село Тработивиште- Делчево.


Оваа инвестиција на Швајцарската влада доаѓа во рамки на нивната поширока агенда за унапредување на животната средина и условите за живот долж сливот на река Брегалница која што се спроведеува речиси 15-тина години наназад.
Во рамки на денешниот свечен чин на пуштање во употреба на филтер станицата за вода за пиење и целиот реализиран систем на придружни објекти, свое обраќање пред присутните граѓани на лице место, учесници во процесот и поканети медиуми имаа Заменик Министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, Амбасадорката на Швајцарската Конфедерација во Република Македонија Нејзината Екселенција Вероник Улман како и Градоначалникот на општина Делчево Горан Трајковски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Иван Гоцевски: Оттука тргнала борбата за слобода на Македонскиот народ
На највисоко локално и државно ниво ќе се одбележи 150 годишнината од Разловечкото востание во Делчево
Со лажен сертификат по Англиски јазик сакал да биде директор на основно училиште во Берово