Денеска, 29 октомври во големата сала на Мултикулутурниот центар во Кочани со почеток во 11 часот ќе се одржи јавна дебата на тема „Промени и предизвици во спроведување на инклузивно образование“, што претставува дел од проектот „Инклузија на деца со ПОП“ поддржан од Детската Фондација Песталоци.
На дебатата ќе присуствуваат претставници од општините Кочани, Струмица и Радовиш.
Целта е претставниците од различни институции од областа на образование, социјална заштита, локални самоуправи, организации и сервисни служби од овие три општини заеднички да дискутираат за предизвиците и иницијативите за креирање инклузивни практики и можности за секое дете.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”