БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Саемот ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024 утре ги отвора вратите за посетителите

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Меѓународниот саем за енергетика и технологија – ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024, во организација на Скопски Саем, утре (29.10.2024) во 10 часот ќе ги отвори вратите за посетителите во Арената „Борис Трајковски“ и ќе трае до 31 октомври. Саемот е отворен секој ден од 10.00 до 18.00 часот. Станува збор за саем кој ќе ги претстави сите иновативни решенија и најновите технологии во областите кои вклучуваат одржливи навики, а сите заинтерсирани ќе имаат можност да се запознаат со најсовремените технологии и услуги кои најчесто користат обновливи извори на енергија. 

Протоколарниот дел на отворањето ќе започне во 13 часот, кога свое обраќање ќе има г-дин Изет Меџити, Прв заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, а саемот официјално ќе го отвори г-ѓа Сања Божиновска, Министер за енергетика, рударство и минерални суровини,

ЕНЕРГО ТЕХНОМА оваа година ќе биде посветен на зелени решенија и иновативни технологии, со цел да ги истакне најновите технолошки достигнувања и стратегии за справување со глобалните енергетски предизвици. За време на трите дена од саемот, ќе се претстават повеќе од 30 водечки компании од Македонија и од регионот, кои ќе ги претстават своите најсовремени производи, технологии и услуги, фокусирани на обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, автоматизација и модерни технолошки процеси.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024 претставува и уникатна можност за деловна посета на компаниите од овие индустрии и размена на идеи и контакти меѓу професионалците, како и проширување на бизнис мрежите во насока на дефинирање на идните технолошки насоки за обликување на индустриите во иднина и придонес кон подобра енергетска иднина. Од друга страна, посетителите ќе имаат можност да ги видат најновите енергетски технологии, машини и индустриски опрема и да проследат презентации, програма на изложувачите, трибини и панел дискусии со експерти од областа за актуелните трендови во енергетската индустрија, одржливите извори на енергија и иновациите во производството.

Целосната агенда за годинашниот саем ЕНЕРГО ТЕХНОМА може да се погледне на следниот ЛИНК.

Работно време на саемот е од 10.00 до 18.00 часот, во трите дена на саемот од 29ти до 31ви октомври, во Арена Борис Трајковски.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace