Со оддавање почит на ликот и делото на Ристо Јуруков – основач и долгогодишен наставник по музика, Општинското основно музичко училиште „Ристо Јуруков“ во Кочани го одбележа својот патронен празник и значајниот јубилеј – 70 години од своето постоење.
По тој повод, пред бистата на Ристо Јуруков беше положено свежо цвеќе од делегација на Општина Кочани, ученици и од неговото семејство. Присутните се потсетија на придонесот што Јуруков го дал за развојот на музичкото образование во Кочани и за создавањето генерации млади музичари.

Во рамки на свеченоста, на поранешни и актуелни наставници им беа доделени плакети во знак на благодарност и признание за нивната посветеност и придонес во развојот на училиштето низ децениите.
Обраќајќи се пред присутните, директорката Марија Лазарова истакна дека седумдецениската традиција претставува обврска, но и поттик за понатамошен развој на музичкото образование.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
По средбата со градоначалникот на Кочани Грозданов претставниците од Здружението 16 март 2025 порачаа: Не сакаме Кочани да биде град во кој ќе згасне радоста!
Обраќање на градоначалникот Владко Грозданов – благодарност до амбасадорот на Република Полска, Н. Е. Мариуш Бримора
Одбележан Денот на претприемачот во Кочани: Илјада лалиња и разговори за заедничка иднина