Љубиша Георгиевски роден во Битола на 30 мај 1937-та година, почина денес утрово на 81-годишна возраст.
Георгиевски беше претседателски кандидат во 1994 година, амбасадор во Бугарија од 2000 до 2004 година, потоа и амбасадор во Белград, и претседател на Собранието на Република Македонија од 2006 до 2008 година. Георгиевски како театарски режисер, има реализирано над 160 претстави во Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Романија, Полска и други држави.
Автор е на десетина книги. А како филмски режисер има режирано четири филма.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија