17 годишното куче починало откако било вратено кај неговиот сопственик откако претстојувало во владин карантин.
Првото куче тестирано позитивно на корона вирусот умрело во Хонг Конг по неговото опоравување од заразата, известува South China Morning Post .
Кучето умрело во понеделникот, но поради тоа што неговиот сопственик не дозволил аутопсија не можело со сигурност да се утврди причината за смртта.
Сопственичката на кучето била 60 годишна жена која се опоравила од вирусот,
Ветеринарната светска асоцијација за мали животни во почетокот на овој месец (март) соопштиле дека не е многу веројатно сопствениците да префатат корона вирус од нивните кучиња или мачки, ниту дека нивниот придружник- животно може да го пренесе вирусот на човек или друго животно.
“Моментално во светски рамки нема доказ дека домашни миленици или други домашни животни можат да бидат заразени со новиот корона вирус“
-велат од Ветеринарната светска асоцијација за мали животни.
Кинеските власти во изминатите недели ги согоруваат изумрените животни во новите 40 мобилни инценератори кои што се распоредени во Вухан. Исто така според Дејли Мирор на лице место било забележано претепување на животни (кучиња и мачки) до смрт за што било објавено и вознемирувачко видео во јавноста.
Врвен експерт од Кина за заразни болести претходно предупредил дека милениците можат исто така да бидат инфицирани од новиот корона вирус.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!