БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Почина српскиот сценарист Гордан Михиќ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Легендарниот српски сценарист, драмски писател и режисер Гордан Михиќ почина на 80 години во неделата наутро после кратко боледување.  Веста за смртта на Твитер ја објави неговата ќерка, актерката Ивана Михиќ. Гордан Михиќ починал рано наутро по ненадејно заболување.

Михиќ беше редовен професор на Факултетот за драмски уметности, каде предавал филмско сценарио.
Автор е на култни дела како: „Среќна Нова ’49“, „Црна мачка, бел мачор“, „Дом за бесење“, според кои филмови снимија македонскиот режисер Столе Попов и српскиот режисер Емир Кустурица. За „Среќна Нова ‘ 49“ во 1986 ја доби Златната арена за најдобро сценарио на филмскиот фестивал во Пула.

Добитник е на наградата „Кристална призма“ за севкупен придонес кон српскиот филм и на „Златен печат“, престижната награда што ја доделува Југословенската кинотека. 

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

При доделувањето на оваа награда во 2013 година, тој истакнал дека за него Кинотеката била еден вид мајка. 

Негови се сценаријата за некои од најпознатите филмови и серии на југословенската кинематографија, како: „Немањичи“, „Ранета земја“, „Туѓа Америка“, „Лажливо лето ’68“, „Камионџии“, „Сивиот дом, “„Балкан експрес“, „Дојде време да се проба љубов“, „Јагуаров скок“,„Кога ќе бидам мртов и бел“, „Заборавени“, „Танго Аргентино“, „Отворена врата“.

Тој беше во брак со актерката Вера Чукиќ, со која ја има ќерката Ивана.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace