Веднаш по распишувањето на Локалните избори од страна на Претседателот на Македонското собрание Африм Гаши согласно Изборниот законик започнаа да течат роковите за текот на изборите.
Државната изборна комисија во полн состав ја одржа својата 128 седница на ден 09.08.2025 година, со почеток во 17:00 часот, во која што беа разгледани и едногласно усвоени вкупно дванаесет точки на дневен ред, поврзани со подготовките за спроведување на Локалните избори 2025 година, и тоа:
Информација за процесот на набљудување на Локалните избори 2025;
Комисијата ја нагласува својата посветеност кон фер, транспарентен и законит изборен процес, и ги повикува сите вклучени страни – институции, медиуми, политички субјекти и граѓани – да дадат активен придонес кон успешно спроведување на претстојните локални избори.
Роковник за изборни дејствија за претстојните локални избори;
Упатство за утврдување на цена за платено политичко рекламирање за медиуми кои не учествувале во последните пет изборни циклуси;
Упатство за реализација на средства од страна на Општинските изборни комисии;
Заклучок за ставање вон сила на постоечки Правилник за постапка за собирање потписи и определување на нотари;
Одлука за формирање на помошни тела на Комисијата за изборните активности;
Одлука за утврдување на трошоци за спроведување на изборите;
Образец за службени возила, доставен од Државната комисија за спречување на корупција;
Барање до Министерството за внатрешни работи за ажурирање на Избирачкиот список;
Известување до медиумите за регистрација за платено политичко рекламирање;
Заклучоци за доставување на акти до надлежни институции, вклучувајќи:
• Барања за податоци од јавната администрација,
• Барања до судовите за лица со деловна неспособност,
• Известувања до локалната самоуправа за технички услови за изборите;
Задолжување на Општинските изборни комисии да ги започнат подготовките за изборите;


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пилот проект за лекување од далечина започна да се спроведува во Делчево и Дебар
Сообраќајна несреќа со тешки телесни повреди денеска во Штип
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“