Во предвидениот рок до Државната изборна комисија се поднесени вкупно 48 приговори за постапката на гласање, сумирање и утврдување на резултати од првиот круг од локалните избори што се одржаа на 15 октомври
Најмногу приговори поднела ВМРО-ДПМНЕ 45, ТМРО два и еден Алијансата на Албанците.
Против одлуката на ДИК, може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението. Управиот суд на Република Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.
Вториот круг на локалните избори ќе се одржи на 29 октомври.
Извор: Курир

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!