Овој август се навршуваат 50 години од постоењето на бендот Z Top. Јубилејот ќе биде прославен со нивна гламурозна северно американска турнеја на која ке ги свират нивните хитови од различни периоди од кариерата. Во рамки на одбележувањето на овој значаен јубилеј на бендот во јавноста е објавен трејлер за документарниот филм посветен на досегашната работа на бендот насловен како: Тој мал ОЈ бенд од Тексас (That Little Ol’ Band From Texas),
Во трејлерот може да се забележат мали извадоци од интервјуа на тројцата членови од бендот Billy Gibbons, Frank Beard and Dusty Hill. Во документарецот ќе бидат застапени досега необјавени снимки како и изведба на бендот во најстарата концертна хала во Тексас снимена за потребите на офој филм.
Тие се уникатни, тие се ексцентрични. Кога ќе ги видиш на сцена тоа е како да го гледаш Душко Долгоушко во живо
-кажува Били Боб Тортон во трејлерот.
Документарецот ќе излезе на 13 Август во Куполата на киното (Cinema Dome) во Холивуд, како и во избрани куна низ Америка оваа есен.
Погледнете го трејлерот во продолжение:

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
160 недели, најмалку 160 книги: КЛИК веќе објави 21 книга и го отвора македонското книжевно творештво кон светот
Врчак и Симона со „Сонце по дожд“ ја продолжуваат музичката приказна што започна пред години
Видела лице зад сцената на концерт на Аеросмит, кое многу личи на нејзиното: Како Лив Тајлер дознала за своето биолошко потекло?