Во синоќешното интервју на Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на Канал 5 ТВ, тој изнесе ексклузивни информации за намерите на грчка компанија да превземе дел од електро-дистрибутивниот систем на МАкедонија, покрај давањето на Чебрен да ја гради грчка компанија. На тој начин според Николоски Македонија ќе биде доведена под целосна грчка зависност и потчинетост на грчките интереси.
Во однос на изградбата на најголемиот инфраструктурен проект од областа на енергетиката- хидроцентралата Чебрен, Николоски ги аргументираше ставотите на опозициската партија дека е погрешно што овој значаен проект се дава на грчка фирма да го гради и стопанисува.
Секогаш е подобро кога државата гради, имајки предвид дека се фрлаат пари на се и сешто и дека корупцијата цвета во МАкедонија, апсолутно е точно дека овој проект можеше да го исфинансира државата во услови кога цената на електричната енергија, после корона кризата и особено после војната во Украина отиде нагоре во просек 5 до 6 пати. И сега веќе енергетските проекти се далеку поисплатливи од периодите пред овие две кризи кога кога тие проекти беа неисплатливи и државата требаше да ги субвенционира.
-рече Николоски кој потенцираше дека ако дојде да се гласа во собрание за давање на Чебрен на грчка фирма ВМРО-ДПМНЕ ќе биде апсолутно против таквата зделка на власта.
Големо прашање е зошто е избран грчки партнер имајки предвид дека Грција не и мисли добро на Македонија! Македонија беше десетици години блокирана од Грција од својата самостојност, преку промената еднаш на името, па промената на знамето па вторпат промената на името и сите многу добро знаат до ембарга кога гориво немаше во Македонија…. и да се даде најголемиот енергетски проект на Грција многу зборува.
-рече Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение тој изнесе ексклузивни информации за намерата на грчка фирма за транспорт на електрична енергија да превземе дел од сопствеништвото на нејзиниот македонски пандан МЕПСО со учество на 24% кинески капитал во сопственичката структура.
Целото интервју на Николоски погледнете го во видеото во продолжение каде има многу аргументи за штетните политики на владата на СДСМ и ДУИ и нивните челни луѓе:


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Штипјанец сведочел а не пријавил нанесување на тешка телесна повреда
Македонија и Унгарија зацврстија стратешка енергетска соработка – делегација на министерството на петта седница на Мешовитиот комитет
„Вози безбедно – стигни сигурно“ – превентивна кампања на СВР Штип