БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Покрај на информативните табли двојазичноста во Штип имплементирана и на здравствени потврди

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Двојазичноста која е имплементирана на табли на јавни институции во Штип сега добива и имплементација на писмени потврди кои се издаваат на пациентите во Одделението за трансфузиологија во Клиничката болница во Штип.

За ваквата појава остра реакција на прес конференција пред оваа институција во Штип упати Игор Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот комитет во оваа општина.

Истата ја пренесуваме во целост:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Во Штип се гледа примената на Законот за употреба на јазиците на територијата на Македонија. Во Одделението за трансфузиологија, при Клиничка болница Штип, извесен период се издаваат потврди на македонски и на албански јазик. Оваа ситуација ни ја покажува болната реалност на која сведочиме – во регион каде преовладува македонко население, во официјална документација се додава јазик кој мнозинството од граѓаните не го разбираат.

Затоа, би сакале да го прашаме Градоначалникот Благој Бочварски:

Каде исчезна неговото ветување дека Штип нема да биде двојазичен град?
Која е потребата на граѓаните од Штип и Источна Македонија да добиваат двојазични  потврди?
Која е целта на оваа тиранска акција?

Фрапирани сме од неискрениот однос на власта кон граѓаните! Пред избори негираа се’ што сега спроведуваат, кое на дело го покажува нивниот манипулантски однос прво пред сите граѓани, а потоа и пред своите гласачи. Затоа, многу е блиску денот кога истите  кои гласаа за нив, ќе донесат пресудна одлука за паѓање на оваа рекетарска и лицемерна власт!”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace