БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Продолжува интензивната меѓународна соработка на Рашела Мизрахи

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во текот на денешниот ден Министерката за труд и социјални работи Рашела Мизрахи покрај останатите редовни работни обврски остварти и три работни средби со претставници на значајни меѓународни организации со свои претставништва во Република Македонија.

Една од средбите беше посветена на италјанскиот амбасадор во Република Македонија, Карло Ромео со кој Мизрахи разговараше за меѓусебната соработка на Македонија со Италија како и поддршката што нашата земја ја добива на патот на евро-интегративните процеси во изминатиот период.

Во продолжение во целост го пренесуваме соопштението на Рашача Мизрахи во врска со оваа средба:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Денеска остварив средба и со амбасадорот на Република Италија, Карло Ромео на која уште еднаш беа потврдени врските коишто ги соединуваат двете земји, а кои се долгогодишни и посебно истакнати во делот на поддршката на Италија на Евроинтеграцискиот процес на Република Македонија.
Всушност Република Италија отсекогаш била еден од нашите главни поддржувачи на патот на интеграција кон Евроатлантските институции и тоа преку неопходниот внатрешен реформски процес.

Во таа насока, амбасадорот Ромео истакна дека двете земји имаат значајна традиција на соработка на политичко, економско и културно поле, како и на цврстите билатерални врски окарактеризирани со бројни средби и институционални посети на највисоко ниво. Тој ја потврди и поддршката на процесите во Министерството за труд и социјална политика кои се во правец на унапредување на системот за социјална и детска заштита.

Истакнав дека двете земји се поврзани и со успешно спроведување на Договорот за социјална сигурност потпишан меѓу двете земји во 2014 година кој меѓу другото вклучува задолжително пензиско и здравствено осигурување. Договорот се применува на граѓаните од двете држави и е од ислкучително значење бидејќи им дава сигурност на граѓаните кои престојуваат во другата држава.

Заедно констатиравме дека односите помеѓу нашите две земји се солидни, но постојат конкретни услови за нивно подобрување.”

Денеска исто така Министерката Мизрахи оствари работна средба и со Постојаната претставничка на Програмата за развој на ОН во Македонија, Нарине Сахакиан. На оваа средба Рашела Мизрахи разговарала за прашања поврзани со социјалните политики во делокругот на нејзината работа.

Соошпштението упатено до јавноста од страна на Рашела Мизрахи во врска со оваа средба го пренесуваме во продолжение:

“Денеска на работна средба заедно со Постојаната претставничка на Програмата за развој на ОН во Македонија, Нарине Сахакиан ги потврдивме заедничките приоритети во соработката, а тоа се грижата за ранливите категории на граѓани, социјалната инклузија и креирањето на нови работни места.

Сахакиан, посочи дека партнерскиот однос што е воспоставен помеѓу УНДП и МТСП е значаен бидејќи придонесува за поттикнување и унапредување на овие сектори коишто се од јавен интерес. Во таа насока, Постојаната претставничка на УНДП ги потенцираше програмите од Оперативниот план за вработување во коишто се тие вклучени и кои веќе и јавноста ги препознава, како што се Програмата за самовработување, Програмата за општинско корисна работа, а во моментов се вклучени и во процесот на деинституционализација во Бања Банско. Исто така, преку Швајцарската агенција за соработка учествуваат и во проектот со кој се поттикнува вработливоста на ранливите категории.

Се заблагодарив на поддршката којашто ја пружа УНДП преку вклучувањето во овие програми, и истовремено ги презентираше нејзините планови и програми кои се во насока на поголема вклученост и инклузија на социјално ранливите категории на граѓани за кои и понатаму ќе биде добредојдена секоја поддршка. Затоа процесите на подобрување и унапредување на системите на социјалната и детската заштита се постојани процеси на кои треба трпеливо и макотрпно да се работи затоа што само на тој начин граѓаните ќе ги почувствуваат придобивките во Македонија.”

Третиот состанок кој го имаше денеска Рашела Мизрахи беше реализиран со претставничката на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), Моника Сандри.

Ова е соопштението од оваа средба упатено до јавноста од страна на Министерката Мизрахи:

“Министерството за труд и социјална политика и Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) во нашата земја и понатаму ќе градат релации на соработка во областите во кои имаат допирни точки.
Ова денеска го констатиравме заедно со претставничката на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), Моника Сандри.

На средбата, позитивно ја оценивме досегашната соработка на УНХЦР и МТСП и во таа насока разговаравме за тековните програми на Канцеларијата на УНХЦР во земјата и во светот, како и потребата за продлабочување на солидарноста на државите во решавањето на прашањата поврзани со бегалците и лицата без државјанство.

Заеднички заклучок е дека постои потреба да продолжи соработката за зајакнување на соодветните системи. На овој начин тие би биле во согласност со меѓународните стандарди и визијата на Агендата за одржлив развој 2030, која го носи мотото „никој да не биде изоставен“.
Исто така, беа разменети мислења и за состојбата со бегалците и мигрантите во Регионот и пошироко.”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace