БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Работна средба на Министерот Наќе Чулев со американската амбасадорка Кејт Мари Брнс

Пренеси го гласот

Во текот на денешниот ден Министерот за Внатрешни работи во техничката влада на Република Македонија Наќе Чулев оствари работна средба со американската амбасадорка во Република Македонија Кејт Мари Брнс.

На средбата уште еднаш е потврдено стратешкото партнерство на Република Македонија со САД за кое е изразено подготвеност да биде продлабочено во иднина во вид на билатерална соработка во областа на безбедносните прашања, како и други области од заемен интерес.

Соопштението на Министерот Наќе Чулев во врска со средбата го пренесуваме во целост во продолжение:

“Денеска остварив работна средба со амбасадорката на САД, Кејт Мари Барнс. На средбата ја запознав амбасадорката Барнс со моите приоритети како министер во техничката Влада, односно борбата против тероризмот, организираниот криминал и корупцијата, а како еден од главните приоритети го истакнав секако придонесот во организирањето фер, демократски и регуларни избори, но и одржувањето на безбедноста и стабилноста на државата.

За време на средбата, заеднички го потврдивме стратешкото партнерство меѓу двете земји, кое во иднина треба да се продлабочи преку поинтензивна билатерална соработка – особено во областа на безбедноста и другите области од взаемен интерес.”

Креирано од:


Пренеси го гласот