Денешниот протест на земјоделците во Скопје е слика и прилика на севкупните поразителни состојби во државата.
Со протестен марш земјоделците од повеќе региони во земјава се упатија кон зградата на Владата за да го искажат своето незадоволство од состојбите во аграрот. На протестниот марш со упад на полицијата која беше на ниво на целосна борбена готовност со сите располиживе сретства и опрема, земјоделците беа запирани, малтретирани и претресувани при што им беа одземени нивните со мака одгледани земјоделски производи. Токму со овие земјоделски производи кои се гордост на самите земјоделци и нивниот труд тие ги хранат своите семејства. Но денеска полицијата ги натера да ги истурат по улиците во главниот град.



На протестот беше забележливо несразмерно голема полициска сила со оклопни возила наспроти угнетениот, сиромав и голорак земјоделец со своите од мака испукани дланки, кој што во ваква држава дури и кога го боли не смее да лелека….
Со ваквите интервенции на полицијата е нарушена слободата на протест што со устав е загарантирана а актуелната власт треба да сноси одговорност со ваквите реакции.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја освои наградата за сообраќајна безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи
АД МЕПСО ДОДЕЛУВА 15 СТИПЕНДИИ ЗА СТУДЕНТИТЕ ПО ЕЛЕКТРОТЕХНИКА
Министерот Клековски на Денот на здравјето на COP31: Здравјето мора да биде во центарот на климатската акција