Лицето С.Ч. (70 години) извршил полови дејствија врз петгодишно девојче, додека си играло на улицата „Никола Карев“ во Прилеп.
МВР информира , дека случајот го пријавила 23-годишната мајка на детето.
По пријавата од полициски службеници С.Ч. бил приведен и задржан во Полициската станица Прилеп, со соопштение дека се гони лице за полов напад врз дете што се случил вчера во претпладневните часови.
С.Ч. бил забележан од вработени во ЈЗУ Здравствен дом Прилеп како во дворот на установата врши полови дејствија врз детето, каде е лишен од слобода, и за чие дело го очекува затворска казна од најмалку 12 години.