Следејќи 130.000 луѓе во 17 земји, како богати така и сиромашни, истражувањето открило дека физичката активност, без оглед дали станува збор за заминување во теретана, одење до работа или извршување на домашните обврски, го продолжува животот и ја намалува опасноста од заболувања.

Научниците предводени од специјалистот за срцеви болести Скот Лир во болницата „Сент Пол“ во Канада утврдиле дека постои врска и со должината на времето минато во активности. Колку повеќе луѓето вежбаат, толку се помали ризиците за срцеви болсти и предвремена смрт.

Не е утврдено дали постои „ефектот на таванот“, односно високото ниво на активности по кои ризикот престанува да се намалува и „нема ризици поврзани со екстремно високите нивоа на телесни активности“ кои се дефинирани како повеќе од 2.500 минути или 41 пас активности седмично.

Кардиоваскуларните болести се водечката причина за смртност во светот и голем товар за лекувањето и негата за оние кај коишто ќе се развијат. Во минатата 2016 година однеле 9,48 милиони животи ширум светот.

„Пешачењето во траење од само 30 минути дневно има значителна полза, а поголемото ниво на физичка активност е поврзана и со уште понизок ризик“, вели Лир. Тој напомнува дека некои мерки за превенција или лекување на срцевите болести, како што се лековите или консумирањето повеќе овошје и зеленчук, не им се достапни на најсиромашните, но одењето е бесплатно и носи голема полза за човековото здравје.

Светската здравствена организација (СЗО – WHO) препорачува дека возрасните лица од 18 до 64 години треба да минат седмично најмалку 150 минути во умерените аеробни активности, како и вежбите за јакнење на мускулите најмалку два дена во седмицата. Стручњаците проценуваат дека речиси четвртина од светското население не ги исполнува тие препораки.

Тимот на Лир соопштува дека резултатите од нивното истражување сугерираат дека, кога сето население би го исполнило споменатите препораки, би била спречена секоја дванаесетта предвремена смрт во светот, а 4,6 отсто од срцевите болести би биле превенирани.