БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Пониква- еликсир за белите дробови

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На 20 километри пат од Кочани, на надморска височина од 1.560 метри се наоѓа еден од најпознатите зимски туристички центри – преубавата Пониква

Комерцијалното ловиште – резерват, покрај сместување, на посетителите им нуди можност за лов на елени, срни, елени‐лопатари, муфлони, диви свињи.

Осоговските Планини се еден од пределите на нашите простори што можат да се пофалат со епитетот вистински еколошки и чист крај. Чистиот воздух и во лето и во зима дејствува како еликсир за белите дробови. Предностите на Осоговијата ги сознале уште припадниците на армијата на кралството на Србите, Хрватите и Словенците, кои таму изградиле санаториуми за рехабилитација на српските војници ранети во балканските војни и во Првата светска војна. Дел од тие објекти сè уште постои, раштркани по благите падини на Осоговските Планини.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Прошетките и набљудувањето на дивечот се исто така возбудлива активност.

Во предел со густа букова шума и разновидна вегетација со уредените скијачки, но и пешачки патеки, тоа е едно од најпосетените места во Осоговијата. Зимските денови во Осоговијата секоја година се сврзани со дебели слоеви снег. Велат дека на планините, што просечно се повисоки од 1.500 метри, снегот се задржува по речиси шест месеци во годината, а честопати повеќе месеци се задржува снежна покривка од барем триесетина сантиметри.

Љубителите на природата овде ќе можат да уживаат и во берење на разновидни чаеви или, пак, печурки. Во непосредна близина се наоѓа ресторанот „Осоговски бисер“, што, всушност, претставува реставрирана стара воена касарна од периодот околу 1925/30 година.

Специјалитети на куќата се осоговски ќебап (направен од чисто месо), дивеч во тава (елен, дива свиња…), осоговска плескавица од 0,5 килограми и специјалитети од ној. А десертите? Е тоа е она со што морате да го завршите прекрасниот ден на Пониква – баклава и специјалитети од тиква.

 

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace