БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

После подолго време ДНК поставуваат нови стандарди во Македонската Поп музика

Пренеси го гласот

Музичкото дуо “ДНК” на Панчо и Андреј после подолго време деновиве ги пуштија во етер новиот спот и песна насловена како “Горе или доле” и моментално ги рушат сите рекорди на “јутјуб”.

Во изминатите денови нивниот спот и песна се нешто најгледано во Македонија, а има и зошто. Најновото дело на “ДНК” е прекрасно изработено и има се’ што е потребно за да биде успешно.

Несомнено Панчо и Андреј покажаа дека секогаш знаат да направат одлична песна која подоцна станува и вистински хит.

Музиката и текстот на песната е на Панчо , а аранжманот е на Лазар Цветкоски. Видеото за песната е изработено од Даниел Јовески со негова режија и монтажа.

Впечатливата шминка во видеото е направена од Игор Петрески и Елеонора Марк. Главните улоги во спотот ги играат Магдалена Атанасова, Драгица Вучкова, Весна Трпковска….

Погледајте за што станува збор…

Креирано од:


Пренеси го гласот