Градоначалникот Владко Грозданов и извршниот директор на здружението Лидери за едукација, активизам и развој (ЛЕАД), Иван Јованов,потпишаамеморандум за соработка, со кој се воспоставува рамка за соработка „Воведување на UPSHIFT во образовниот систем!“,кој ЛЕАД го спроведува во партнерство со УНИЦЕФ и со Бирото за развој на образованието. Проектот има за цел да ја пилотира програмата UPSHIFT во 90 средни училишта, како подготовка за негово воведување како изборен предмет во учебната 2026/27 година.
Соработката ќе се реализира преку заедничка поддршка на младински иновациски и едукативни активности и со промоција на младински решенија од јавен интерес.
Општина Кочани ќе обезбеди финансиски средства од својот годишен буџет за реализација на иновативните проекти произлезени од средношколците од СОУ „Љупчо Сантов“ и СОУ „Гошо Викентиев“ во учебната 2026/2027 година.
На средбата, градоначалникот Грозданов истакна дека особено ни се важни идеите од младите како и можноста за нивна реализација во локалната заедница.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишена од слобода 24 годишна жителка на Крива Паланка затоа што го нападнала својот сопруг со остар предмет
Голем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија
Николоски: Преку 100 милиони денари инвестиции во инфраструктурата во Валандово. Ќе се реконструира и регионалниот пат Струмица -Валандово