Огромни димни јазици повторно се надвиснаа над домовите на жителите на општината Виница.
Гори градската депонија која е рак рана во изминатиот период за виничани кои што во континуитет имаат проблеми со оваа појава.
Утрово на социјалните мрежи се појавија снимки од воздух од размерот на опфат на отровните гасови кои што потекнуваат од самата депонија.
“Добро утро Виница, тазе снимки од наш сограѓанин.
Па добро ова веќе е премногу, 21 век!
На седница на совет директорот на Солидарност вети дека во март ќе биде дислоцирана депонијата, кој март ќе биде тоа !?!
Наместо тоа веќе 3 години не можат да ја стават депонијата под контрола!
НЕ ОТРУВТЕ !!!
-стои во објава на граѓанин на фејсбук

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајдена марихуана кај 17 годишник од Штип по што лицето било приведено
67 годишен жител на Кочани лишен од слобода по претходна пријава од сопругата за упатување закани
43 годишна жена од Берово физички нападната од нејзиниот сопруг