БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Најава за нова концертна сезона на тенорот Влатко Груевски

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Од ПР тимот на тенорот Влатко Груевски ја најавуваат неговата нова концертна сезона за претстојниот период.

“Мотото на оваа концертна сезона 2020/21 е “Живеј со музика” , мото кое има за цел да ги поттикне луѓето да се осврнат кон животот и неговата смисла, позитивните страни, секако надополнет со музика. Во оваа концертна сезона, поради ситуацијата со корона вирусот бројот на настани ќе биде значително редуциран, дел од настаните ќе бидат онлајн, а дел според пропишаните протоколи за заштита од преносливата болест.

Исто така скратено ќе биде времетраењето на концертите поради помала изложеност на ризик на посетителите. Настаните исклучиво ќе се одржуваат на отворен простор. И во оваа концертна сезона тенорот Груевски ќе биде придружуван на пијано од својот уметнички соработник, пијанистот и диригент Андреј Наунов. Информациите за датумите, времето и место за одржување на настаните ќе бидат објавени на фејсбук и инстаграм профилите на тенорот Груевски.”

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-соопштуваат од ПР тимот на Влатко Груевски.

Креирано од:


Пренеси го гласот