Минатогодишната “прослава” за одбележување на годишнината од Илинденското востание на Мечкин Камен, наликуваше на се друго само не на прослава.
Тој ден беше ден на национален срам според начинот на кој што беше организиран и спроведен од страна на власта, полицијата, агенти на државна безбедност и партиски насилници и редари од редовите на СДСМ.
Ваквиот начин на организација под строг режимски диктат на власта на прославата на најголемиот Македонски национален празник минатата година, верувам дека ќе се повтори и оваа година под превезот на заканата со Ковит-19, е во насока за деградирање на значењето на самиот празник и пополека негово препуштање на заборавот во историјата.
Како учесник на минатогодишниот настан овој мој став го темелам на повеќе факти:
1.Блокирање на базните станици на мобилните оператори во опсегот на Мечкин камен каде што требаше да се случи т.н. прослава.
Ваква цензура каква што беше спроведена тој ден со намерно блокирање на современите телекомуникациски можности од страна на власта на Мечкин Камен како слободна Македонска територија веројатно немало ни во време на нацистичка Германија.
2.Пренос само на програмата на МТВ од самиот настан со специјална режија и тим за реализација кои јасно имаа за цел да пренесат нерална слика за тоа што се случуваше на самиот настан.
Џозеф Гебелс заедно со сите фашистички режимски режисери кои што ја ширеа блескавата слика на Третиот Рајх е мало дете за одговорните кои што сакаа да шират пропаганда од оваа т.н. прослава која што претставуваше збирштина на партиски организирани платеници и клиенти на хунтата,
3.Партиска организација на посетители на “прославата” од општинските организации на СДСМ од околните градови заради некаква масовност.
Помеѓу мнозинството од присутните на настанот беа партиски активисти на СДСМ кои очекуваа/т парче од колачот на раскрчмувањето на државната администрација и јавните ресурси како и сончогледи на кои не им е важен сопствениот став повеќе од апетитот за комоција и лижење за позиции и функции.
4. Немаше никакво организирано присуство на членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ преку општинските комитети, со исклучок на партиската делегација предводена од Александар Николоски, Дафина Стојаноска и Ане Лашкоска
Кога Александар Николоски со Лашкоска и Стојаноска пријдоа кон гумното на Мечкин камен беа укани од страна на партиските активисти на СДСМ кои беа мнозинство на самата локација. Ваква храброст и посветеност на каузата знаејки свесно дека таму ќе бидат присутни активистите на СДСМ кои ќе укаат врз нив, е својствена само за луѓе кои што имаат своја визија и цел. Мојата почит за овие луѓе до ден денес не е намалена.

5.Специјално делегирана ВИП публика на државни и локални функционери која што требаше да седи на столчињата пред говорницата на која требаше да се обрати Зоран Заев.
Помпезноста од лакирани чевли, бели кошули без вратоврска (за да не се разликуваат од ликот и делото на лидерот) беше својствена за големиот број чипирани функционери кои размислуваат со главата на Зоран Заев кои беа дојдени да прочекорат по прашливото гимно, бришејки ги потоа со влажни марамици своите кондури пола саат додека траеше говорот на Заев на говорницата.
5.Спонтано организирана помала група од околу 50-60 родољуби-Македонци со национални обележја, транспаренти и знамиња.
Чинам се уште во главата ми ѕвони жестокото “Никогаш Северна, Само Македонија” од една страна и она “Северна, Северна” од друга страна.
Препознатливо беше присуството на агенти провокатори помеѓу родољубите кои сакаа да направат инцидент за да има апсења на оние кои не се согласуваат со промената на уставното име на Република Македонија и сеење страв во јавноста помеѓу луѓето кои што единствено нешто што го сакаат најмногу е слободна и просперитетна Македонија.
Репортажата од самиот лански настан може да ја прочитате на линкот во продолжение:
Оваа година во услови на пандемија со Ковит 19 веројатно ќе гледаме уште една режимска екипировка од настанот за одбележување на денот кога се удрени темелите на современата Македонска држава.
Илинден после ваквиот срамен и недостоен начин на организирање за негово одбележување, пополека ќе почне да паѓа во заборавот на историјата, откинат од битието, срцата на Македонскиот народ.
И сето тоа не е случајно и е дел од намерите и обидите на странски извори на моќ преку нивните локални слуги и измеќари да ја променат националната свест за сопственото постоење на Македонскиот народ.
Наше е да се бориме со разум и интелект против ваквите инсталации за етноцитот кој што сакаат да ни го спроведат.
Светлината исто како и вистината не можат да ја запрат…
Пишува: Кирчо Анастасов
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Силен финансиски импут за локалните самоуправи како никогаш до сега! Дали ЕЛС имаат капацитет со овие пари да обезбедат соодветен одржлив развој на локалните заедници?
Канцерот во Македонското мочуриште што со децении не дозволува народот да види бело видело
СДСМ преку Трендафилов со наметнување на минимална плата од 500 евра на стопанството, сакаат да ја урнисаат државата