Во текот на денешниот ден беа соопштени дневните податоци од страна на Министерот за здравство Венко Филипче.
Помеѓу новите 152 заразени случаи на листата на градови со заразени со Ковит 19 беа и 3 лица од Делчево.
Меѓутоа ваквата алармантна состојба за делчевчани не е реална и вистинска и станува збор за своевидна лажна информација бидејки според дополнителни информации станува збор за пациенти од Македонска Каменица кои поради некакви си административни процедури се водат во Делчево.
Ваквата панична информација во текот на денот предизвика одредена паника и вознемирување на делчевчани на социјалните мрежи, се додека не проструија дополнителните информации дека заразените не се од Делчево туку од Македонска Каменица.
Од ваквата ситуација се наметнува прашањето кому во Министерството за здравство му е потребно да објавува вакви лажни информации спакувани во некаква административна обланда и зошто?