БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ВМРО-ДПМНЕ: Бројот на заразени од корона вирусот се движи кон 10 илјади, а бројката на починати кон 500

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска од партиското седиште на ВМРО-ДПМНе реагираа во јавност со своја прес конференција во врска со катастрофално лошите податоци во врска со справувањето со корона кризата од страна на влаадеачката гарнитура на СДСМ пред се во Министерството за здравство.

Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ денеска од партиската говорница ги обвини надлежните за популизам и политиканство наместо решенија и издржани здравствени политики.

Во продолжение ја пренесуваме интегрално прес конференција на Весна Јаневска:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Поминаа вонредни состојби, предкампања, кампања и избори. Мерките, и онака недоволни, превземени од Владата на СДСМ за борба против епидемијата со корона вирусот олабавија со цел спасување на економската криза, но всушност во функција на изборите. Сега кога изборите поминаа корона вирусот беснее, луѓе страдаат, докторите и сестрите гинат на работа, а мерки нема, Комисијата за инфективни болести ја нема, нема промени во борбата против епидемијата. 

Изборите произведоа нови кластери. Партиски функционери кои се декларираа за страсни чувачи и пазачи на мерките, во моментов, а и во минатиот  период не ги почитуваа истите. Наместо дел од решението, станаа дел од проблемот.

Бројот на заразени од корона вирусот се движи кон 10 илјади, а бројката на починати кон 500. КОВИД-19 кризата само ја потврди неспособноста на Владата на СДСМ да менаџира со текот на епидемијата и здравствениот систем. Здравствениот систем се движи кон работ на пропаста. Наместо решенија и  здравствени политики остана на популизам и политикантство, што не е дозволиво и во некои други, а не  во овие тешки времиња. Македонија стана црна точка во регионот и пошироко. Не знаат дали ова е пик на првиот бран или е вториот бран, не ги знаат кластерите, не ги знаат изворите, не знаат што да превземат и како да настапат.

Не мислат како да се справат со кризата и навистина не знаат. Ќе беше добро да послушаа нешто од предлозите на експертите и да променеа нешто во цел спасување на животи.

Ако не знаат им препорачуваме и ним и на граѓаните на Република Македонија, има кој знае.”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace