Природно е да се чествуваат големите достигнувања на жените кои постигнале неверојатни цели и откритија во полето на науката и ги поместиле границите на човечкото знаење. Историски гледано, жените во минатото имале потешкотии да ги покажат и докажат своите способности, особено во научните сфери.
Тоа ги натерало многу од жените да се откажат, а од тие кои останале да се занимаваат со науката се барал огромен труд и посветеност. Во продолжение прочитајте ги умните зборови на едни од најинспиративните жени кои се соочиле со неверојатни предизвици, а сепак успеале да ја променат и предефинираат науката.
„Девојките мислат да се биде гламурозен значи да се прават грешки и да се биде неодговорен. Но, тоа не е вистина. Колку што сте попаметни, колку што се поподготвени да правите животни одлуки, толку поверојатно е да водите убав живот и да бидете гламурозни и забавни и сѐ што сакате да бидете.“ – Даника МекКелар (математичарка, авторка и актерка).
„Што и да правите, не плашете се од тешките моменти. Најдоброто доаѓа од нив.“ – Рита Леви-Монталчини (невробиолог и добитничка на Нобелова награда која го ко-открила факторот за раст на нервите)
„Од некоја причина не наседнав на стереотипот дека науката не е за девојките. Добив поддршка од моите родители. Никогаш не наидов на учител или советник кој ми рекол дека науката е за момците. Сите мои пријатели ми го велеа тоа.“ – Сали Рајд (првата Американка во вселената)
„Кога ќе забележам чудно однесување од машките колеги, мојата прва задача е да не помислам ‘Што не е во ред со мене?’, туку ‘Што по ѓаволите не е во ред со овие момци?’.“ – Лене Вестергаард Хау (физичарка позната по својата работа со ладните атоми и светлината)
„Животот не е лесен за никој од нас. Но, што со тоа? Мора да бидеме упорни и да имаме верба во себе. Мора да веруваме дека сме надарени за нешто и дека тоа нешто мора да се оствари.“ – Марија Кири (физичарка, пионерка во полето на радиоактивноста и прва научничка која добила Нобелова награда за две различни полиња)
„Животот не мора да биде лесен, само треба да не биде празен.“ – Лиса Мајтнер (нуклеарна физичарка позната како мајка на нуклеарната фисија)
„Не плашете се од тешката работа. Ништо вредно не доаѓа лесно. Не дозволувајте другите да ве обесхрабруваат или да ви велат дека не можете да го направите тоа. Во мое време ми се кажуваше дека жените не се занимаваат со хемија. Не гледав причина зошто не можеме да го правиме тоа.“ – Гертруда Елион (биохемичарка која ги создала лековите за леукемија, маларија, менингитис, херпес…, и добитничка на Нобелова награда)
„Гледате на науката (или барем зборувате за неа) како некој деморализирачки изум на мажот, нешто одделено од реалниот свет и нешто кое мора внимателно да се чува и да се држи подалеку од секојдневното постоење. Но, науката и секојдневниот живот не можат и не траба да се делат.“ – Росалинд Френклин (играла голема улога во откривањето на структурата на ДНК)
„Ја гледаме науката како нешто елитно што само неколкумина можат да го научат. Тоа не е вистина. Треба само рано да започнете и да им дадете основа на децата. Децата или ги исполнуваат или не ги исполнуваат очекувањата.“ – Меј Џејмисон (првата Афроамериканка во вселената)
„Луѓето се алергични на промената. Тие обожаваат да велат: ‘Секогаш го правиме тоа на овој начин’. Јас се обидувам да се борам против тоа. Затоа имам часовник на ѕидот кој чука во обратната страна.“ – Грејс Хопер (адмирал во американската морнарица и пронаоѓач на првиот програмски преведувач на компјутерски јазици)
„Мајка ми секогаш ме учеше дека ако луѓето не се согласуваат со тебе, најважното нешто што треба да го направиш е да ги слушаш. Но, ако ги слушаш внимателно и сѐ уште мислиш дека си во право, тогаш мора да ја имаш храброста да ги разубедиш.“ – Џејн Гудал (приматолог кој го посветил својот живот на конзервацијата и правата на животните)
„Ако знаете дека сте на вистинскиот пат, ако го имате тоа внатрешно знаење, тогаш никој не може да ве запре, без оглед на тоа што го велат.“ – Барбара МекКлинток (добитничка на Нобелова награда и генетичарка позната по нејзиното откритие на регулацијата на генетскиот израз).
Креирано од:
Редакција 01
administrator
Информативен интернет портал посветен на граѓаните на Брегалничкиот регион..
Контакт маркетинг и редакција: 079/329-300 или на e-mail: bregalnicki@gmail.com
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Оваа ретка фотографија на Принцезата Дајана, содржи нешто што фотографот отпосле го воочил
Сѐ е подготвено за концертниот јубилеј на ДРИМ ТИМ – 25 ГОДИНИ МУЗИКА
Сите што пропуштија да земат билет за првиот распродаден концерт на Суперхикс, еве нова можност со втор закажан концерт