Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Пробиштип преку своја реакција во јавноста упатуваат серија прашања во јавноста во врска со службеното возило-Пасат на Градоначалникот на општината, на кои што сметаат дека граѓаните на Пробиштип треба да добијат одговор.
Во продолжение во целост ја пренесуваме реакцијата на ОК на ВМРО-ДПМНе Пробиштип:
“Жителите на Пробиштип деновиве имаат многу прашања кои кружат низ градот, а во врска со службеното возило на општина Пробиштип.
Многу прашања, А НЕ ДОБИЈА НИТУ ЕДЕН ОДГОВОР!!!
Тоа е таа транспарентност!
Пред три години, односно во септември 2017 година, за време на предизборната кампања за локалните избори, СДС Пробиштип јавно обвинуваше за набавка на супер луксузно возило, возило кои ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту тогашната локална власт не го зема со себе, туку го остави како имот на општината и граѓаните, а од друга страна “другарите” од нашата земја се претствуваа како многу одговорни и чесни.
Епа дојде време граѓаните да добијат некои одговори, за тоа како денешните локални шерифи управуваат со општинскиот (читај – народниот) имот!
Да прашаме:
1. Каде е возилото VW Passat, сопственост на општина Пробиштип?
2. Дали возилото е управувано од градоначалникот на општината?
3. Дали во возилото имало сопатник?
4. Дали возилото е користено за приватни потреби?
5. Дали возилото е учесник во сообраќајна несреќа?
6. Ако е учесник, зошто не е извршен увид од страна на полицијата?
7. Дали полицијата и воопшто е известена за настанот?
8. КАДЕ СЕ НАОЃА ВОЗИЛОТО ДЕНЕС? (надвор од градот, но каде, кажете?)
9. Дали возилото се наоѓа во овластен сервис?
10. Дали во целата случка имаат настрадано и други учесници или возила во сообраќајот?
И за крај
– Дали мислите дека можете да сокриете ваков настан?
Возилото од средината на месец мај 2020 едноставно го нема!
Очекуваме одговори и сакаме јавно да ја слушнеме нивната приказна, за потоа граѓаните полека да ја дознаат вистината!”

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево