БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржат предложените измени на Законот за Служба во АРМ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Пратеникот Драган Ковачки од редовите на ВМРО-ДПМНЕ преку социјалните мрежи упати став на пратеничката група на опозициската партија во врска со предложените измени на законот за скужба во АРМ.

“Почитувани поранешни и сегашни припадници на АРМ,

Денеска на дневен ред во Собранието на Република Македонија се предлог-измените на Законот за Служба во АРМ.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Сакам да ве информирам дека ние како пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата за Обнова на Македонија, секогаш сме на страната на мажите и жените во униформа, затоа што тие си ја знаат својата должност и професија и заслужуваат соодветно да бидат вреднувани, за разлика од политичката елита на власт која ги распродава македонските национални интереси без притоа да води сметка за трајните штети и последици кои и’ ги нанесува на државата и на народот.

Како пратеничка група, во изминатиот период во неколку наврати поднесувавме измени на Законот кои за жал беа кочени од страна на власта, а подоцна токму тие решенија и предлози беа преземени од СДСМ и денеска ги имаме на дневен ред во Собранието.

Во предлог-измените на Законот што денеска е на дневен ред се вклучени нашите забелешки за подобрување на статусот на војниците, на лицата кои треба да заминат во пензија (а чекаат веќе 20 месеци), зголемување на платите, зголемување на пензиите на веќе пензионираните воени лица чиишто пензии се помали од лицата кои сега заминуваат во пензија итн.

Од тие причини, ние како пратеничка група, даваме поддршка и ќе гласаме ЗА овие предлог-измени.

Да сте живи и здрави,

Да живее АРМ,

Да живее Македонија.”

-напиша Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace