Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска имаше можност да се обрати на меѓународната конференција MicroBalkans 26 која што третира прашања од политичко-деловната сфера на приватни и јавни финансии како и изградбата на техничка и функционална основа за реализација на јавни и приватни инвестициски циклуси во насока на општ развој на државата и приватниот капитал.
“Денес бев дел од отворањето на MicroBalkans 26 — настан што ги обединува финансискиот сектор, небанкарските финансиски институции, fintech компаниите, стартапите, регулаторите и развојните партнери од регионот.
Темата „Lending Reimagined“ е особено важна, затоа што пристапот до финансии денес не е само прашање на капитал и кредитни производи. Тоа е прашање на доверба, податоци, технологија, јасни правила и системи што функционираат побрзо и поефикасно.
Веќе работиме на неколку клучни процеси:
Националниот портал uslugi.gov.mk, со околу 350 електронски услуги за граѓани и компании
Зајакната интероперабилност — од 48 институции во 2024 година до 90 денес, со раст на месечните трансакции од околу 708.000 на речиси 4 милиони
Отворање на интероперабилноста и кон приватниот сектор, за побрзи проверки, помал административен товар и поефикасни услуги
m.Uslugi — мобилната супер апликација што ќе ја промовираме во октомври и која треба да стане личен дигитален канал меѓу граѓанинот и државата
Дигитален идентитет, електронски документи, доверливи услуги и посилна сајбер-безбедност
Дигиталната трансформација и финансиската иновација мора да се движат заедно.
Без дигитална инфраструктура, финансиската иновација станува поскапа и потешко применлива. Без финансиски сектор што иновира, дигиталната инфраструктура не ја добива целата економска вредност што може да ја создаде.
Финансиска инклузија, дигитална инфраструктура и доверба — тоа се трите основи за побрз, посигурен и покорисен финансиски систем за граѓаните, компаниите и економијата.”
-напиша на социјалните мрежи Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во врска со овој настан.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар