БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Премиерот Ковачевски го кочи развојот и ги казнува граѓаните на општина Штип, обвини градоначалникот Јорданов

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на прес конференција од пред владата во Скопје, градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов упати апел кон премиерот Ковачевски да преовлада разумот кај него во врска со потребите на граѓаните на Штип. Градоначалникот на Штип соопшти во јавноста дека премиерот Ковачевски го блокира издавањето на општинска обврзница која има намена во услови на криза да овозможи развој на Штип како и подобрување на условите за живот на граѓаните на ова општина во Брегалничкот регион.

“Сакам да информирам за настанатиот проблем кој што општина Штип го има со премиерот и Владата на Република Македонија и скратеното право за финансирање на одредени капитални проекти кои што требаше да се финансираат преку издавањето на една наменска обврзница. Општина Штип е првата општина која што во изминатите неколку месеци во време на енергетска и финансиска криза одлучи да издаде наменска општинска обврзница се со цел да се реализираат неколку капитални проекти во време на ваква финансиска и енергетска криза.

Ги проследивме сите потребни одлуки, ги добивме сите потребни согласности од страна на релевантните институции и Министерство за финансии, го вративме долгот кој што претходно општината го имаше кон Министерството за финансии. И она кое што требаше да биде техничка одлука да се проследи на седница на Влада за нас е проблем, затоа што веќе две последователни седници на Влада точката на која што треба да се донесе одлуката за издавање на обврзницата од страна на Владата се отстранува од дневен ред без објективни причини се со цел да се ускрати можноста и правото за развој на општината и изградба на одредени капитални инвестиции.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ова е преседан, ова е срам за една држава која се декларира дека се стреми кон европските вредности затоа што сите европски општини издаваат обврзници за развој на истите. Општина Штип по примерот на европските општини одлучи да го направи ова, но дефинитивно имаме политички причини поради кои сме ускратени во правото и во можноста да исфинансираме капитални проекти.

Очекувам да преовлада разумот, го повикувам премиерот да на следна седница на Влада ја стави точката за конечно да се издаде општинската обврзница и со тоа да се реализираат предвидените капитални проекти.

Во спротивно дефинитивно ова ќе значи опструкција и кочење на развојот на општина Штип и казна на граѓаните на општина Штип само затоа што имаат градоначалник и советници кои што се од друга политичка партија, од онаа која што е владината коалиција и премиерот,

-соопшти градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов од пред зградата на владата на Република Македонија.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace