БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Исплатени парите од интервентниот фонд за зелката и сливите

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

АФПЗРР ја комплетираше исплатата на сретствата за помош на земјоделците од Интервентниот фонд за продадената зелка и слива кај регистрирани откупувачи оваа година.

Станува збор за исплата на 3 денари помош за произведена и продадена зелка кај регистрирани откпувачи како и 2 денари за произведена и продадена слива.

“Исплатени финансиски средства од Интервентен фонд ⬇️

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Агенцијата за финансиска поддршка ја реализираше исплатата за две подмерки од интервентниот фонд.

Станува збор за исплата на финансиска поддршка за произведена и продадена зелка кај регистрирани откупувачи за период од 13.04.2022 година до 07.05.2022 година. 🥬

По овој основ 1630 корисници се финансиски поддржани за нивното производство со 41.7 милиони денари. Висината на финансиската поддршка изнесува 3 денари / килограм. ✅

Исто така, исплатена е и поддршката за произведена и продадена слива кај регистрирани откупувачи за период од 20 август 2022 до 30 септември 2022 година.🧑‍🌾

Со оваа исплата се опфатени 478 овоштари со поддршка од 13.3 милиони денари. Висината на финансиската поддршка за откупена слива во месец август изнесува 2 денари по килограм ,а за месец септември изнесува 4 денари по килограм.”

-информираше Никица Бачовски- директор н АФПЗРР.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace