Македонскиот Премиер Христијан Мицкоски денеска беше на теренска посета на Кочани каде што присуствуваше на доделување на клучеви од становите во новоизградената стамбена зграда за социјално ранливите семејства во Општина Кочани.
Во изјава за медиумите Премиерот Мицкоски го изрази своето задоволство за експедитивната работа на наделжните институции за ефектуирањето на нивната работа прекку која се обезбедува подобри услови за живеење на повеќе Македонски семејство преку обезбедување на нивното стамбено прашање.
“За мене претставува секогаш задоволство кога ќе можам да бидам дел од ваков настан кога се пушта нешто во употреба и кога имаме корисници коишто со задоволство го очекуваат овој момент. Имав чест да доделам клучеви на едно семејство и еден корисник на два вакви социјални станови и мислам дека на овој начин правиме добри работи за луѓето и ќе продолжиме како Влада да правиме добри работи.
Би сакал да се заблагодарам на потпретседателот на владата и министерот за транспорт, на директорот на АД коешто еве го направи сето ова да биде реалност, на градоначалникот, на пратениците, на останатите членови на Владата коишто се тука денеска со нас и можам да кажам дека ќе продолжиме во насока на убави вести за граѓаните и во периодот коишто следи за сето останато коешто веќе беше кажано не би сакал да се повторувам, што е направено и што допрва ќе следи.
Така што уште еднаш ќе им посакам долго користење и среќа на новите станари на овие станови.”
-соопшти Премиерот Мицкоски од денешниот настан во Кочани.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајден хероин во дом на жител од Свети Николе
Кривична пријава за 4 жители на Крива Паланка
150 студентки, отворени предавања и силна порака од dm по повод Светскиот ден на менструалната хигиена