Премиерот на Македонската влада Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пригоден настан за пуштање во употреба на нов преработувачки погон на приватен инвеститор во индустриската зона “Жабени” во Битола.
Поддршката на владата на оваа приватна инвестиција е од особено нзачење за инвеститорите, а премиерот ја истакна важноста на отворените нови работни места на околу 230 граѓани.
“Денеска присуствував на свечено отворање на фабриката „Brainchild“ во индустриска зона Жабени, Општина Битола.
Станува збор за една ретка инвестиција, за производи коишто кај нас не така често се користат, но во светот и те како се користат во делот на спортовите на вода.
Така што нас како Влада ни преставуваше особна чест и задоволство да можеме да подржиме една ваква инвестиција каде што веќе околу 230 луѓе се вработени, инвестиција во вкупна вредност од околу 11 милиони евра и на тој начин да продолжиме да подржуваме инвестиции коишто ќе бидат додадена вредност во македонската економија.
Можам да кажам дека работиме уште на најмалку две заинтересирани инвестиции коишто би се изградиле во периодот којшто следи во Битола, но да ги завршиме прво и тие да ги објавиме кога ќе се потпишуваат договорите за поддршка во рамките на Владата”
-напиша на социјалните мрежи Премиерот Мицкоски во врска со овој настан.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Денеска се одржа саем на женско претприемништво „ЕКСПО 2026“
Рекордно издание на Регионалната конференција за е-трговија: Над 900 учесници од повеќе од 12 земји
МИНИСТЕРКАТА БОЖИНОВСКА ДЕЛ ОД ДРЖАВНАТА ДЕЛЕГАЦИЈА НА COP31 ВО ТУРЦИЈА