БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Премногу е дури и кога доаѓа од партијата на Заев: Отворена фашизоидна реторика кон опозициската ВМРО-ДПМНЕ

Пренеси го гласот

Во изминатиот период Зоран Заев е владеачката гарнитура во власта го креираше најголемиот јаз на поделба помеѓу Македонските граѓани.

Грубиот државно-партиски систем, прогонот по повеќе основи на партиските неистомисленици како и максимален протекционизам на своите најблиски партиски соработници допринесе државата да биде клекната на колена а Македонските граѓани фрлени во егзистенцијална криза.

Дополнително сега кога владеачката СДСМ е во драстичен надолен тренд на своите влијание и моќ а соочени со лошиот рејтинг помеѓу граѓаните нивната нервоза станува се поочигледна, па нивни истакнати активисти и гласноговорници почнуваат да манифестираат радикални појави во јавноста.

Последен ваков испад на гласноговорниците на СДСМ е во однос на пласирање на отворена фашизоидна реторика кон опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нивни истакнати поединци во јавноста.

Ваквата индоктринирана поделба со калкулантски математики е создавана и унапредувана намерно од страна на владеачките претставници се со цел да им служи на СДСМ што подолго да се одржат на власт. И сето тоа додека од другата страна прокламираа во јавност “едно општество за сите” а далеку од очите на јавноста, дебело финансиски се офајдија неколку партиски поединци на штета на сите останати граѓани.

На оваа тема денеска во јавноста своја реакција упати Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски која ја пренесуваме во целост:

“Заев ветуваше едно општество за сите, ама тоа само пред камерите, а во реалноста, оние кои први беа до него ќе напишат дека сме биле “фашистичка партија”, згора на тоа вулгарно ќе посочат за Рашела Мизрахи дека “имало и Евреи кои работеле за нацистите”. И притоа ваквите навреди и пропагираниот антисемитизам ќе им се допаднат на социјалните мрежи на советниците на Заев кои добиваат плата од сите нас. Згрозен сум од леснотијата со која се прават поделби, се шири говор на омраза кон државата Израел и Еврејскиот народ, и навредите кон ВМРО-ДПМНЕ, зад кои стојат политички мотиви и се стимулирани од партијата на власт. И ова не е првпат, но овој пат е премногу. Фраза едно општество за сите ја претвораат во прогон кон неистомислениците. Нема работа која самите не си ја негираа, нема работа која самите не ја погазија. Јас ја разбирам нервозата присутна во СДСМ, дури можам да го разберам и стравот од пораз, но не можам да ја разберам омразата со која се служат и удираат ниско по оние не мислат исто како нив. На крајот од денот, достоинството и честа немаат цена, и таквите навреди говорат за оние кои ги изнесуваат и оние кои ги инструираат, отколку за оној кон кој се насочени. Поддршка и целосна почит за Евреите и Израел која е голем пријател на Македонија. Најмалку што може СДСМ да направи е извинување кон Мизрахи, и кон ВМРО-ДПМНЕ. Сето ова ќе заврши, но срамот на оние кои денес го земаат знамето на омразата ќе остане. И секако, сето ова нема да ги спаси или да го намали поразот кој им претстои.”

Креирано од:


Пренеси го гласот