Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во своето гостување во синоќашното интервју во студиото на Телевизија 24 зборуваше за повеќе актуелни политички теми во врска со претстојните локални избори и за тековниот Попис кој што го спроведува Државниот завод за статистика.
„Мојата порака е масовно да излезат граѓаните и да се попишат и мојата порака до македонскиот народ е да не ги слушаат и да не потклекнуваат на анационалните и антимакедонските елементи на македонската политичка сцена кои што во овој момент се обидуваат повторно да внесат раздор во македонското ткиво и помеѓу протесните гласови како што тоа го правеа за време на претседателските избори кога тогаш повикуваа на бојкот на тогашниот опозициски кандидат и практично ја продолжија кариерата на Зоран Заев и СДСМ“,
-рече Мицкоски во интервју за ТВ24.
Лидерот на најголемата опозициска партија ги увери граѓаните дека одлагањето на пописот кој што беше планиран за почетокот на оваа година што го предизвика ВМРО-ДПМНЕ со своите активности било со цел да се доближи пописот до локалните избори , при што резултатите од пописот можат да бидат исконтролирани во однос на резултатите од изборите.
„Она што е важно е да кажеме дека одговорни за законите и точно спроведување на пописот е владата и Државниот завод за статистика, се останато во овој процес е фолклор. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ го направи уште на почетокот на оваа година беше практично за одложување на пописот во тоа време и тогаш се одложи за да се реализира сега, во септември. Зошто? Затоа што ние реализирајќи го сега пописот можеме веднаш за време на локалните избори да го исконтролираме. Бидејќи сега на локалните избори ние ќе имаме фингерпринт терминали и тоа ќе ни биде првиот индикатор дали владата и ДЗС го завршиле пописот како што треба“,
-рече Христијан Мицкоски во врска со ова чувствително прашање од висок национален интерес,
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Перински во Аеродром: Проект за нов лик и урбанизирање на просторот позади ТЦ „Капитол“
Перински во Аеродром: Заедно со граѓаните до поголем напредок на општината од секој аспект
Министерот Тошковски денес ги посети ДПД и ТППЕ Kочани: Ќе направам сè што е во моја моќ за да ги поддржиме овие храбри луѓе