На 18.09.2025 во 16:20 часот од страна на полициски службеници од СВР Штип, врз основа на издаденa судска наредбa, бил извршен претрес на дом и помошни простории кај Н.Ј.(20) во Штип. При претресот и при преглед на Н.Ј. биле пронајдени дробилка, марихуана и бела грутчеста материја. Н.Ј. е лишен од слобода, известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 18.09.2025 во 20:50 часот од страна на полициски службеници од СВР Штип, врз основа на издаденa судска наредбa, бил извршен претрес во дом и помошни простории кај Г.Н. (48) во Штип. При претресот биле пронајдени бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, марихуана, пакување во кое имало семки од растение и пари. Г.Н. е лишен од слобода, известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
———–

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајдена марихуана кај 17 годишник од Штип по што лицето било приведено
67 годишен жител на Кочани лишен од слобода по претходна пријава од сопругата за упатување закани
43 годишна жена од Берово физички нападната од нејзиниот сопруг