БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев од позиција на најмоќен човек во државата, удри по ВМРО-ДПМНЕ

Пренеси го гласот

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски е под удар на најмоќниот човек во државата.

Зоран Заев од позиција на Премиер на држава поднесе тужба за клевета против потпретседателот на опозицијата Николоски за искажана политичка изјава со која соопштува во јавност дека биле изрекетирани преку 20 милиони евра и дека тој е на врвот на пирамидата .

Со тоа власта, т.е. Зоран Заев упатува директна порака кон сите оние граѓани кои што не се плашат да се спротивстават на лошото владеење на актуелната власт, предводена од СДСМ, исполнето со криминални и корупциски афери кои што не се разрешуваат подолг временски период.

Ова е втора кривична пријава кон Александар Николоски добиена од семејството Заеви, по неодамнешната добиена од братот на Зоран Заев, Вице Заев.

“Кога власта престанува  да има аргументи, и е фатена во криминал продолжува со притисоци и закани, заплашување и прогон. Кога има недостаток на кредибилитет сака да го изгради со сила, кога губи и уште само 16 дена е премиер и никогаш повеќе, Зоран Заев се заканува со неговото судство, со тужби и притисоци кон опозицијата.

Сакам да ја информирам јавноста дека премиерот Зоран Заев поднесе тужба за клевета против мене за политичка изјава во која што кажувам дека се изрекетирани преку 20 милиони евра и дека тој е на врвот на пирамидата.”

-соопшти на почетокот на својата прес конференција Александар Николоски.

Тој уште еднаш на прес конференцијата одржана во текот на вчерашниот ден ја прочита својата политичка изјава врз основа на која Зоран Заев го тужи претставникот на опозицијата:

„Некаде пред две недели споменав дека вкупната сума на побарани изрекетирани средства надминува 20 милиони евра. Досега никој ова не го демантираше што значи дека е рекетиран повеќе од еден бизнисмен, рекетирани се многу бизнисмени и побарани се многу пари. Тоа е операција која не можат да ја завршат еден или двајца луѓе. Тоа е операција која е добро осмислена од врвот на СДСМ, координирана  лично од Зоран Заев и понатака управувана од целата држава затоа што е потребна и кривична и политичка одговорност“

Целата прес конференција на Александар Николоски погледнете ја во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот