БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Претставници од ОБСЕ во работна посета на Општина Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов, оствари работна средба со претставници на Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ во Скопје, на која беа презентирани активностите и проектите на организацијата и можностите за идна соработка со Општина Кочани.

На средбата беа споделени актуелните предизвици со кои се соочува Општината, а се разговараше и за поддршка во градењето на институционалните капацитети и заедничко изнаоѓање решенија за нивно надминување.

Како конкретен чекор кон соработката, договорено е учество на општински претставници на работилницата за службеници на локалната самоуправа и претставници на помалубројните заедници, посветена на партиципативното донесување одлуки и правата и потребите на помалубројните заедници. Работилниците ќе се одржат на 5 и 6 ноември.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Беше разгледана и можноста Општина Кочани да се вклучи во активностите на ОБСЕ планирани за 2027 година, при што претставниците на организацијата ја потврдија подготвеноста за поддршка во јакнењето на локалните капацитети и унапредувањето на соработката.

Креирано од:


Пренеси го гласот