БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Превентивна акција на ПС Делчево – „Паркирај совесно -паркирај одговорно“

Пренеси го гласот

Денеска (05.07.) од страна на полициски службеници при Полициската станица Делчево беше реализирана превентивна активност од областа на безбедноста во сообраќајот. Притоа во централното градско подрачје на Делчево, односно на улицата „Булевар Македонија“ под мотото – „Паркирај совесно -паркирај одговорно“, полициските службеници во непосредна комуникација со учесниците во сообраќајот укажуваа на важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи, вклучително и на правилата поврзани со паркирањето.

Во текотот на активноста на возачите им беа делени летоци со едукативна содржина за почитување на законската регулатива околу непрописното паркирање на возилата, а целта на активноста беше насочена кон зголемување на безбедноста во сообраќајот и совесно почитување на сообраќајните правила и прописи.

Креирано од:


Пренеси го гласот