Пополека стивнува сеирот наметнат од непријателите на Македонското постоење околу изјавата на Премиерот дека владата сериозно размислува за воведување на данок за немажени и неоженети лица.
Ајде сега повторно со ладна глава да ги погледнеме во очи фактите и да се соочиме со горката вистина:

Македонија изумира! Што поради иселување на луѓето од оваа држава, што поради уништување на семејството како основна клетка на општеството, но во најголема мера поради себичноста на поединецот кој што не е подготвен да си ја наруши илузорната идеја за сопствен комодитет, создадена под влијание на глобалистичка пропаганда и некакви “модерни” либерални вредности и процеси кои што ако вака се продолжи ќе значи крај на цивилизацијата која ја познаваме.
Сиромаштијата не е причина за да не се основа семејство! Тоа е аргумент на квази политичари и неартикулирани мислители кои што и оваа тема на депопулација на народот се обидуваат да ја искористат за сопствен политички профит и промоција.
Вистината е сосема поразлична од онаа што сакаат да ја пренесат либерални центри на пропаганда во обид да ќарат политички поен плус на своето конто во актуелната политичка ситуација во Македонија, без никакво одржливо решение на проблемот.
Дали територијата на Македонија била побогата сега во 2025 година или во 1900 година во минатото под Отоманска власт да прашаме?
Разликата во овие рамки од 125 години постоење на народ на оваа територија е во пропагандата.
Тогаш во таа 1900 година и покрај значителната сиромаштија, чиј што квалитет на живот не може ни малку да се спореди со овој денешниот, Македонците имале силен нагон за заедништво и преживување што неминовно доведе до креирање на силни многудетни семејства кои што овозможија раст на популацијата во наредните децении. Но, во 2025 година тој нагон на преживување и покрај драстично подобрите услови за живот, е повеќе од отапен, најмногу под влијание на глобалистичките пропагандни центри кои во животот на Македонците наметнуваат секакви илузорни вредности, во сопствен интерес на тие странски центри на моќ, но никако вредности кои што ќе значат опстанок на Македонскиот народ и идентитет.
Така денес во Македонија имаме голем број на луѓе (мажи и жени) во најсилната репродуктивна возраст кои што под налет на таа штатна и крајно опасна пропаганда која може да доведе до пропаст на Македонија, многу поважно им е да прошетаат низ светот низ “туѓи бели дворови”, да трошат пари на глупости следејки вештачки креирани вредносни системи кои во ера на социјални мрежи доживуваат невидена експанзија. А од друга страна таа глобалистичка армада создава фронт за пресметка со се што значи Македонштина, Македонска култура, традиција, филозофија на постоење итн.
Не знам како поедини пропагандни “могули” не можат да согледаат дека сите настојувања на глобалистичкиот апаратус за контрола и влијание одат во насока на бришење на Македонскиот идентитет!
Дали преку бришење на име, знаме, химна, јазик, традиција, култура, понижување на народното творештво и автентична Македонска мисла, дали преку политички и државни блокади со децении наназад, дали преку странска корупција за сегментирање на Македонското национално ткиво, дали преку инсталација на анти македонски политичари, инсталати во бизнис секторот, јавниот живот и во медиумите, дали преку “модерни” трендови кои што имаат за цел да ја уништат основната суштинска природа на човекот а тоа е потребата од репродукција.
Целиот овој комплот на дрски канџи кои што параат од Македонското ткиво организирано и осмислено се присутни помеѓу Македонскиот народ со огромни финансии кои одработуваат за таа нивна агенда за бришење на се што е Македонско од лицето на светот.
Токму изјавата на Премиерот Христијан Мицкоски дека владата размислува за воведување на данок за немажени и неженети, задира длабоко во постоењето на тие глобалистички пропаганди и непријателски сили на постоењето на Македонскиот народ.
Веднаш оваа изјава беше дочекана на нож од најистурените глобалистичко-либерални центри на пропаганда. Екстремните левичари одат и чекор понатаму во посочување на оваа изјава на премиерот како причина за “забеганост” и “лудило”, нудејки се себеси за глас повеќе на наредните избори.
Оваа храбра и особено силна изјава на Премиерот предизвика историски потрес за свртување на вниманието кон можеби најважниот проблем со кој се соочува денес Македонија- осипување на бројот на Македонци.
Оваа изјава на Премиерот ќе остане во историски рамки силна рефлексија на подготвеност за борба за опстој на Македонскиот народ.
Сериозноста на оваа изјава подразбира длабока анализа и решеност да се бориме против сите обиди за негација и уништување на Македонското постоење.
Оваа изјава е врв на копјето на модерната Македонска Фаланга која силно е влезена во продор во далеку- побројните непријателски редови.
Во оваа борба како никогаш до сега е потребно заедништво и обединетост, не само на телото-физикусот туку и на мислата-идејата за опстанок и подобар живот.
Џабе се сите улици, сите булевари, згради, патишта, мостови, тунели…. ако нема Македонци кои што ќе ги одржуваат и надградуваат. А денес како резултат на повеќедецениското недомаќинско крчмење на јавните пари на сите граѓани, Македонија како никогаш до сега се соочува со избор:
-Дали ќе продолжи да тоне во хаосот на либералниот глобализам или
-ќе се обедини зад своите егзистенцијални потреби со сопствени сили да пренабрегне над проблемите и да овозможи континуитет на Македонското постоење.
Изјавата на Премиерот Мицкоски НЕ ТРЕБА да остане на ниво на изјава! Со силно изразени мерки и политики таа треба да се операционализира во интерес на Македонското постоење.
А патетики кои што не се подготвени да бидат дел од овој систем нека продолжат да работат на сопствениот погром.
Македонската држава треба да се развива пред се со Македонци но оние кои преку себичната сопствена природа ќе одлучат дека нема да придонесат во развојот на Македонија преку зголемен број на Македонци, треба со финансии да го помогнат тој развој на државата преку воведување на данок за самотија!
Само така заеднички ќе ја споделиме иднината на својата татковина.
Македонија Вечна.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Последниот пишувач на љубовни писма
Алекс Букарски: Последното сонце на михољско лето
Алекс Букарски: Час