Денеска (06.07.) на повеќе локации на месностите Епрев сол, Абланица и Беровско езеро, од страна на полициски службеници од ОВР Берово во соработка со ЈП „Национални шуми“, со ТППЕ Берово и со Шумската полиција, беше реализирана едукативната превентивна активност на тема: „Да ги заштитиме нашите шуми од шумски пожари”.
На граѓаните и посетителите на овие инаку туристичко-рекреативни локалитети преку делење на едукативни летоци изработени од ЈП „Национални шуми“, во непосредна комуникација им беше укажувано дека во летниот период, со зголемените температури, расте и опасноста од предизвикување на пожари од невнимание и затоа е забрането фрлање и палење ѓубре, палење оган на отворен простор и во близина на шумски појаси, фрлање на отпушоци и слично.
Особено беше нагласено дека доколку се забележи пожар, неопходно е истиот навремено да се пријави во надлежните институции, со цел тие благовремено да интервенираат и да се спречат поголеми штети.
Граѓаните беа запознаени и со фактот дека од 1 јули до 31 август е на сила целосната забрана за движење во шуми, освен со дозвола од ЈП „Национални шуми“.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“ утре во село Град доживува нова енергија за развој
Учениците на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица го посетија Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа