Денеска (30.04.) на подрачјето на Полициската станица Виница, полициски службеници од ОВР Виница спроведоа превентивнa активност за превенција од пожари.
Притоа, на граѓаните им беа поделени наменски изработени летоци со информации и совети- како и што треба да прават во насока на превенција од пожари. На граѓаните посебно им беше укажано да се воздржат од палење огнови на отворен простор, на ниви и во шумски подрачја, да не фрлаат неизгаснати догорчиња и пред се, да не ги палат отпадоците, меѓите и стрништата на нивите.
Исто така, граѓаните беа запознаени и со законските импликации за намерно или ненамерно предизвикување пожар.
Извор: МВР

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајдена марихуана кај 17 годишник од Штип по што лицето било приведено
67 годишен жител на Кочани лишен од слобода по претходна пријава од сопругата за упатување закани
43 годишна жена од Берово физички нападната од нејзиниот сопруг