Во салата на Советот на Општина Кочани, во Мултикултурниот центар, пред градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов и службеници во Општина Кочани беше презентиран проектот „Поврзани во криза: Млади што градат отпорност и заедништво“.
Претставник на Здружението на граѓани „СупортКо“ – Кочани ги запозна присутните со проектот и со Националниот протокол за работа со млади во услови на кризи, како практична рамка за организирано, безбедно и координирано постапување со младите во кризни ситуации.
Беа претставени целите и значењето на Протоколот, со посебен акцент на меѓусекторската соработка, навременото информирање, психосоцијалната поддршка и координираното дејствување на институциите и организациите во услови на криза.
Проектот го спроведува ЗГ „Младите можат“ – Скопје, во партнерство со ЗГ „СупортКо“ – Кочани.
Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов ја истакна поддршката на иницијативата и ја потврди подготвеноста за соработка во активности насочени кон зајакнување на локалните капацитети и обезбедување соодветна поддршка за младите во услови на кризи.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Поднесено обвинение за телесна повреда при семејно насилство во Битола
Предложен притвор за загрозување на сигурноста во Куманово
Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во Едрене