Својот 69 ти роденден , прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ го одбележа со изведбата на претставата „Пиреј“ од Петре М. Андреевски, во режија на Љупчо Ѓорѓиевски.
За прв пат завесата во театарот се кренала на 18 февруари 1950 година, со изведбата на претставата „Кир Јања“ од Ј.С.Поповиќ, а во режија на Аце Михајлоски. Во изминатите 7 децении, прилепскиот ансамбл прикажал над 370 премиери и одиграл повеќе од 7.000 претстави, кои ги гледале околу 2 милиона луѓе.
Дел од претставите кои оставиле најдлабока трага кај публиката, се и најгледаната „Солунски патрдии”, потоа „Од кол на кол“, „Силјан Штркот”, „Кумови”, „Собирен центар”, „Туѓо сакаме свое не даваме”, Колобан”, „Молам за секс”, „Спиро Црне”, „Арсениј”, „Полковникот птица”, „Опера за три гроша” итн. Фестивалот „Војдан Чернодрински“, има освоено многу награди, но претставите на прилепскиот театар биле наградувани и на фестивалот „Ристо Шишков“, ЕКСПОНТО во Љубљана, МЕСС во Сараево, како и на фестивалот на актерот во Никшиќ.
Со бројни награди се закитиле претставите „Тапани во ноќта“, „Кавкаскиот круг со креда“, „Змејовата невеста“, „Клетници“ и др.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!