Денеска на прес конференција градоначалникот на општина Штип Иван Јорданоов за штипјани но и за граѓаните од поширокиот регион најави една несекојдневно преубава вест.
Станува збор за организација на еднонеделен новогодишен базар кој што ќе се одржи на новото шеталиште за пешаци во центарот на Штип во период од 20 до 27 декември.
Во рамки на оваа манифестација ќе настапат повеќе групи и поединци кои што ќе допринесат за ширење на новогодишниот дух на обединување на сите жители на Штип.
“![]()
“ŠTIP CHRISTMAS MARKET” ,НОВОГОДИШНА ЗАБАВА ЗА СИТЕ ВОЗРАСТИ ! ![]()
![]()
За прв пат во Штип,oд 20 до 27 Декември,на шеталиштето на улицата “Ванчо Прќе”,Oпштина Штип ќе организира новогодишен базар со богата програма и изненадувања.
Игор Димовски и Пауза за Ракија,Boca Conga & Bobi Sax,Миле Кузмановски,Горан Тонев,DJ Bazz,DJ Tasev,Марија Данева & Stand by band,Сара Мејс & Christmas Girls,Bouzuki Band,Бекрии,Duo Bright,Мартинијан Кириловски и уште многу други изведувачи ќе бидат задолжени да приредат добра забава и расположение на посетителите.![]()
![]()
За новогодишната магија да биде уште поголема во програмата е предвидено и дочек на Дедо Мраз со бесплатни пакетчиња за најмалите, снешковци, жонглери, аниматори, театарски престави на отворено, наградни игри, подароци и уште многу други изненадувања !”
-напиша на социјалните мрежи во врска со овој настан градоначалникот на Штип Иван Јорданов.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Бојана Скендеровски со концерт во Штип: Пролетта започнува со музика
Верските обреди во Кочани по повод годишнината од трагичниот пожар – со највисоките црковни великодостојници
Најавени бројни гости и делегации – градоначалникот на Кочани апелира во претстојните денови жителите да се воздржат од користење автомобили