БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Здравковски: Предлог буџетот за 2025 година значи обнова на Македонија кој ќе даде надеж на сите граѓани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во рамки на комисиската расправа за Буџетот на Владата на Република Македонија за 2025 година во текот на вчерашниот ден свое обраќање имаше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Велес Игор Здравковски:

„Зборуваме за буџет кој треба да значи обнова на Република Македонија и кој треба да даде надеж на сите граѓани. Ова што досега се правеше изминатите години беше во стилот слушај ме што зборувам ама не гледај што правам“,

-рече пратеникот Здравковски на Комисијата за Финансии и буџет во Македонското Собрание.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

„Зголемување на платите во образованието, вие не го ни планиравте, ниту пак предвидено во буџетот за 2024 година, меѓутоа со домаќинско работење за овие неколку месеци успеавме поради зголемени приходи во УЈП, царински давачки, зголемени приходи во ЈПДП успеавме да се консолидираме и да најдеме средства со кои ги покачуваме платите во образованието“, рече Здравковски и додаде:

„Дополнително она што е предвидено во овој буџет се и пензиите. Претходно се зборуваше за редовна исплата на пензии и тоа требаше да биде некаков успех, сега не само што имаме редовна исплата на пензии туку ги зголемивме за 2,500 денари и ќе ги зголемиме за уште 2,500 денари, а тоа догодина ќе ја зголеми приватна потрошувачка и приходите во буџетот“, вели Здравковски.

Здравковски посочи дека во изминатите седум години ниту еден сектор не бил стабилен.

„Овие 7 години, ниту еден сектор не беше стабилен. Во Образованието, ништо не се направи. Не се инвестираше во училиште и услови и стандарди за ученици. Во здравството не успеавте да направите и реконструирате болница. Додека умираа пациентите очигледно е дека вашата криминогена природа беше насочена само кон исплата на адвокатски услуги во болниците додека пациентите немаа кревети и инфузии. Инфраструктурата не помрдна од место. Земјоделието потона од 120,000 земјоделци на 70,000 земјоделци“, посочи Здравковски.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace